Број на текстови објавени денес: 46

Богоев: Имаме план како да ги задржиме младите и студентите во Македонија (ВИДЕО)

bogoev1

Ја пренесуваме денешната изјава на Стефан Богоев, кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1 и претседател на СДММ.

 

– Имаме План како да ги задржиме младите и студентите тука во Република Македонија. Токму младите, токму студентите се најпонижени и најмаргинализирани во овие 10 години владеење на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Студентите беа тепани од полицијата, студентскиот стандард е на навистина ниско ниво, студентите беа принудени да живеат во распаднати студентски домови и да јадат храна полна со инсекти.

Токму затоа испланиравме на студентите да им понудиме работа со скратено работно време за време на нивното студирање, преку оваа така наречена „парт-тајм џоб“ студентите ќе можат да заработат дополнителни пари додека студираат, а со студентската картичка за попусти студентите ќе добијат попусти во читалните, библиотеките, кафетериите и ќе добијат разно разни други бенефиции.

Ќе обезбедиме вистинско и автентично студентско организирање, студентскиот лидер, студетнската организација навистина да ги претставува студентите, а не да нарачува фалсификување на студентските избори и тепање на студентите.

Повторно нашата крајна цел и нашиот План е да ги задржиме младите и студентите тука во Република Македонија – вели Богоев.