Број на текстови објавени денес: 46

Богоевски: Моите тужители ја утнале „адресата“

14881591_10154166100142499_314279632_o

Двете тужби против Слободан Богоевски се поднесени во интерес на актуелната кампања и се чекаше да се насочат кога се дозна кога ќе бидат изборите. Тужбите се поднесени лани во декември, а сите знаеа каде во меѓувреме беше Богоевски, односно во кој затвор. За тоа знаеа и тужителите бидејќи тие се најзаинтересирани. Ако сакаа да почне постапката, тоа требаше да се случи многу порано и тужбата на мојот клиент ќе му беше доставена на време, изјави денеска Валентин Зафиров, адвокат на Слободан Богоевски, кој од Али Ахмети и Муса Цафери е тужен за навреда и клевета.

Денешното рочиште е презакажано за 27 јануари. Во судницата денеска не се појавија Али Ахмети и Муса Џафери, но нивното присуство не е задолжително. Двајцата го тужат Богоески за клевета поради неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар телеком“. Богоески таму посочил дека вкупно 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, експремиерот Владо Бучковски, Ахмети и Џафери.

– Судијката која постапувала претходно во една од тужбите според Законот за кривична постапка открила дека тужбата не е уредена како што треба, меѓутоа поради таквото нејзино постапување, побарано е нејзино изземање и предметот е доверен на нов судија. Тужителот Ахмети бара 3 милиони денари оштета, а Муса Џафери 2,5 милиони денари. Ова се прави со една друга цел. За постапката која се води во судот во САД ова овде е да гои амортизираат сето тоа со дејствување за пресуда која би ја користеле. Но, ние како лијални граѓани и мојот клиент ќе с ебори со сите сретства тоа да не им го дозволи – рече Зафиров.

Обвинетиот Богоевски рече дека со шпекулациите со рокови, изземањето на судии и темпирањето на рокови, се обидуваат во ненадлежен суд да издејствуваат одлука која би ја користеле за да се амортизираат неговата изјава дадена во ОЈО и во САД.

– Самата тужба за клевата за исказ даден во судска постапка не е дозволена. Сите тоа го знаат, дури и нивните адвокати. И според законите во САД и РМ тоа е казниво како влијание врз сведоци. Ако ова не биде отфрлено ќе поднесеме тужба против нив. Тие ја погрешиле адресата. Познато зошто сето ова го прават. На 7 мај следната година ќе заврши разврската за предметот кој го работат американските истражни власти, а за што било повеќе за тоа што сум изјавил, според законот, не смеам да зборувам – нагласи Богоевски.