Број на текстови објавени денес: 46

Богоевски: Во брзо време нема да земам членска книшка од СДСМ (ВИДЕО)

pavle12

Граѓанскиот активист Павле Богоевски, кој се најде на кандидатските листи во првата изборна единица, кои вчера ги објави СДСМ, денеска од скопското село Стајковци порача дека не планира да се зачлени во оваа партија.

– Заслугата за таа позиција треба допрва да се одработи и никој не може да се смета за заслужен пред да го реализира тоа што го ветува. Што се однесува до членската книшка, немам намера во овој период или набрзо да извадам членска книшка од СДСМ – рече тој.

Богоевски вели дека е на листата на СДСМ токму затоа што верува во таа политичка опција и бидејќи таа партија одлучила да оди со најширока можна коалиција во однос на другите партии, кои, како што нагласи, настапуваат надвор од режимот.

Богоевски, кој беше еден од најистурените членови на Шарената револуција, смета дека со одлуката да се најде на партиска пратеничка листа, не се оштетени граѓанските организации.

– Сосема спротивно,  мислам дека добиваат можност да имаат свој глас на начин којшто никогаш го немале претходно и борбата продолжува само во нова форма – рече денеска Богоевски.