Број на текстови објавени денес: 65

Боб Дилан ќе бил спречен да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда

LOS ANGELES, CA - FEBRUARY 06:  Bob Dylan speaks onstage at the 25th anniversary MusiCares 2015 Person Of The Year Gala honoring Bob Dylan at the Los Angeles Convention Center on February 6, 2015 in Los Angeles, California. The annual benefit raises critical funds for MusiCares' Emergency Financial Assistance and Addiction Recovery programs. For more information visit musicares.org.  (Photo by Kevin Mazur/WireImage)

Американскиот музичар и поет Боб Дилан нема да присуствува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда за литература поради „други обврски“, соопшти денеска Шведската академија.

Академијата вчера примила писмо од Дилан во кое објаснува дека е спречен да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за литература во декември во Стокхолм.

„Се надевав дека лично ќе ја примам наградата, но за жал ме спречија други обврски. Се чувствувам неверојатно почестен што ми е доделена Нобеловата награда“, пишува Дилан во писмото.

Академијата истакна дека ја почитува одлуката на Дилан, но оти е невобичаено за добитниик на Нобелова награда да не се појави на церемонијата.

– Боб Дилан наградата мора да ја прими во рок од шест месеци. почнувајќи од 10 декември. Тоа е единствено барање –  потенцира Академијата.

Неколкумина претходни добитници на Нобеловата награда од различни области не присуствуваа на доделувањето – Дорис Лесинг поради старост, Харолд Пинтер беше во болница, а Елфриде Јелинек имаше социјална фобија.