Број на текстови објавени денес: 11

Битолчани со блокади побараа чист воздух

%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0

Со блокада на патот кон РЕК Битола и патото кон Скопје, граѓани на Битола денеска го изразија својот револт од енормното загадување на воздухот.

Бараат конкретни мерки против аерозагадувањето во градот.

Организаторите на протестот, здружението „За нас се работи“, напоменаа дека овие блокади не се случајни во време на изборна кампања и митинзи на двете најголеми партии од македонскиот блок во Битола.

– Ова не е само аларм за чист воздух, туку протест кон сите политичари да се осврнат и на нашиот проблем, нашиот приоритет за чист воздух. Ако нивен приоритет е да дојдат на власт, наш е да имаме чиста животна средина. И како што ние трпиме од блокадите кога политичарите доаѓаат во Битола, така и тие денеска ќе го почувствуваат тоа заради нашиот приоритет – рече Душко Груевски од Здружението.

Граѓаните излегоа и со  меморандум до политичките партии во кој бараат граѓаните на Битола   да не плаќаат за ангажирана моќност на сметките за електрична енергија, да се субвениционира секој потрошен киловат-час, како и тоа да се направи режим на сообраќајот во централното градско подрачје за време на месеците кога загадувањето е најсилно.

Блокадите за чист воздух во Битола ќе продолжат утре и в сабота од 15 до 17 часот.