Број на текстови објавени денес: 46

Бигорски доби скапоцен дар од зографи од Бугарија

bigorski1

Македонското древно светилиште „Свети Јоан Крстител“ попознат како Бигорскиот манастир, добил скапоцен и редок дар од двајца зографи од Бугарија, кои изработуваат икони во подзаборавени иконографски техники, слична на древните мајстори.

Станува збор за икона со ликот на Светите Кирил и Методиј, што Димчо и Антонија Димчовски од Република Бугарија и ја подариле на Бигорската Обител.

– Торжествениот и достоинствен пречек ја покажа неизмерната почит, љубов и благодарност на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, и целото братство, кон апостолското дело на Светите Првоучители и Покрстители, а големата благодат што притоа се излеа, несомнено сведочи за духовното присуство на овие наши возљубени Пастири на родот словенски – велат од бигорската обител.

Токму затоа, додаваат, краткото поздравно слово на Старецот беше исполнето со голема благодарност кон Бога, Светиите и сите оние што ни ја овозможија оваа голема радост.

Според нив, Димчо и Антонија Димчовски се неверојатно надарени зографи, живеат и работат во малото планинско село Гостилица и изработуваат од минијатура, па до царски икони, и тоа во традиционален византиски стил, користејќи злато, сребро, опков, емајл, бисери, полудраги камења и друг материјал.