Број на текстови објавени денес: 65

Бившата цимерка откри кој ѝ е идол на Меланија Трамп ФОТО

melani-trump630

Поранешната цимерка на Меланија Трамп, шведската старлета Викторија Силвестед, открила кој ѝ е идол на првата дама на САД.

Убавата Меланија ја гледавме во крекации на срспката модна дизајнерка Роксанда Илинчиќ, но нејзин идол е една голема дама.

Викторија Силвестед, поранешна зајачица на „Плејбој“, рекла дека Меланија е многу мила и топла личност, но исто така и одлучна и преамбициозна.

– Меланија отсекогаш внимаваше на облекувањето и ја интересираше модата. Таа е жена со стил и ќе биде прекрасна прва дама, тоа е сигурно. Не велам дека Белата куќа не била гламурозна и пред неа, но Меланија навистина е икона на стилог и секогаш изгледа прекрасно. Претпоставувам дека бројни дизајнери веќе сега се борат околу тоа чии креации таа ќе ги носи – рекла Викторија.

„На мојата мајка во една прилика ѝ рече дека еден ден ќе биде позната како Софија Лорен. Модниот икона за Меланија отсекогаш била Софија Лорен. Таа е нејзин идол, бескрајно се восхитуваше на нејзината убавина, изгледот и таинственоста – открила цимерката на Меланија.