Број на текстови објавени денес: 0

Бившата на Џони Деп прозборе за искуство со семејно насилство

amber2

Актерката Амбер Херд, чие обвинување за семејно насилство против поранешниот сопруг Џони Деп ги преплавија насловните на почетокот на годинава, прозборе во името на сите жртви на семејно насилство.

Амбер учествува во проектот „Грл Гејз“ како би им помогнала на сите жени кои трпат некаков вид на насилство и по тој повод во двеминутно видео зборува за „срамот“ што и самата го почувствувала заради своето искуство.

„Многу срам се лепи за етикетата жртва. Тоа им се има случено на голем број жени. Кога ќе се случи во твојот дом, зад затворени врати, со некој кој го сакаш, не е така едноставно“, изјави актерката.

30-годишната Амбер додала дека без помош од неколку луѓе на кои максимално им верува, нејзиниот живот би бил многу поинаков.

„Да немаше неколку жени кои ме поддржаа, неколку пријатели… Да ги немав крај себе, мојот живот би бил многу поинаков. Како жена која го поминала тоа под окото на јавноста, имам уникатна шанса да ги потсетам жените дека тоа не мора да биде како што е. Не мора да бидете сами во тоа, заедно можеме да ги смениме работите“, порачала Амбер.

Херд уште повикала луѓето да говорат гласно за овој проблем, затоа што тоа е најмоќното оружје.

„Ние заедно, жена до жена, не треба и повеќе нема да молчиме“, заклучила Амбер во пораката.

Од спогодбата за разводот со актерот Џони Деп, Амбер Херд доби 7 милиони долари. Таа планира парите да ги подари за добротворни цели и за детска болница во Лос Анџелес.