Број на текстови објавени денес: 0

Бејл стана најплатен фудбалер на Реал Мадрид

real-madrid-geret-bejl

Велшанецот Герет Бејл потпиша нов договор со Реал Мадрид и стана најплатениот фудбалер на шпанскиот гигант.

Бејл се обврза да остане во Реал до 2022 година, а Флорентино Перез му ја зголеми седмичната плата која сега изнесува 350 илјади фунти.

Со оваа сума, велшкиот интернационалец го надмина најдобриот играч на европскиот шампион Кристијано Роналдо. Сепак, и договорот на Португалецот истекува наскоро па се очекува зголемување и на неговите примања.

Бејл во реал дојде од Тотенхем во 2013 година.