Број на текстови објавени денес: 0

Бејли: Не очекувам промена на политиката кон Македонија по изборите во САД

dzes-bejli-860x680

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли на „Фејсбук“ имаше онлајн комуникација во живо со македонските граѓани за претседателските избори во САД. На прашањето да ги прокоментира надворешните политики на двајцата кандидати, Хилари Клинтон и Донал Трамп, Бејли истакна дека како федерален претставник тој не смее да дава поддршка на некој од кандидатите, но потенцираше дека политика кон Македонија нема да се промени.

– Јас 31 година сум дипломат и под Републиканците и под Демократите, но можам да кажам дека интересот на САД нема да се промени и покрај изборите, кога се однесува на надворешната политика. Американската политика кон Македонија е константна во последните 20 години, помагајќи и на Македонија да стане просперитетна демократија, која ќе се интегрира во НАТО и во Европската Унија. Тоа е нашиот интерес, а мислам и интерес на повеќето Македонци. Не очекувам поголема промена на политиката кон Македонија, според досегашното искуство – рече Бејли.