Број на текстови објавени денес: 60

Бен Афлек и Џенифер Гарнер: Наместо развод – бебе! ФОТО

ben-affleck-i-jennifer-garner

Главна вест во американските медиуми стана онаа дека Џенифер Гарнер и Бен Афлек наводно чекаат четврто дете, со кое се обидуваат да го спасат својот брак. Иако минатата година најавија дека ќе се разведат, документите за развод не ги потпишале сè уште. Дали редовните одења во црква го смириле актерот кој со години има проблеми со алкохолот и коцкањето па конечно сфатил дека семејството му е најважно, останува да се види.

Ако може да им се верува на изворите блиски до двојката и на пишувањето на американскиот портал „Радар онлајн“, Џенифер Гарнер и Бен Афлек се откажуваат од разводот на бракот, а причината е, ни малку ни повеќе, е четвртата бременост на актерката.

– Џен е пресреќна. Таа, всушност, не ни сакаше развод. Само сакаше Бен да престане да се опијанува и да се забавува и да му се посвети на семејствотот. Со новото бебе на пат сè би можело да седне на своето место – рекол извор близок на Џенифер Гарнер.

Џенифер и Бен имаат три деца – Виолет (10), Серафина (7) и Самуел (4), а дека се разведуваат по 10 години брак објавија во 2015 година. Причината беа проблемите со алкохолот и коцкањето на Бен и неговата наводна афера со бебиситерката на децата. Ниту можниот развод не го спречи актерот во забавувањето, па беше снимен и во лондонски клуб со искината маица и откопчани панталони.

 

Поради оваа фотографија почнаа шпекулациите за бременоста