Број на текстови објавени денес: 70

Без вода утре Аминта Трети

%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b038

Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 44 (спроти АМСМ), утре од 08 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, поточно објектите на потегот од улицата Аминта 3-ти до Костурски Херои. (општина Центар).

Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа на булеварот Кочо Рацин бр. 26, во периодот од 08 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица.