Број на текстови објавени денес: 0

Бачев бара смртна казна за кражба на народниот имот (ВИДЕО)

%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%84%d0%b8%d1%98%d0%b04

Централниот комитет на Народното движење за Македонија (НДМ) како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, на вчерашната седница во Скопје расправало за изборниот настап на партијата на 11 декември 2016.

Претседателот на НДМ, д-р Јанко Бачев при тоа нагласил дека партијата е спремна за изборите и дека се утврдени седум услови за евентуално коалицирање.

– Централниот комитет на денешната седница го овласти Извршниот комитет да донесе конечна одлука за самостоен или прифаќање на понудите за коалициски настап на 11 декември 2016. НДМ како партија која во основа се бори за заштита на виталните интереси на народот и државата, прифаќа коалициски настап под следните услови: зачувување на унитарноста и територијалниот интегритет на државата; неменување на името – Република Македонија; неприфаќање по никоја цена двојазичност и федерализација на земјата; евроатланска интеграција, но, не по секоја цена; Македонија национална држава со гарантирани права на малцинствата според меѓународното право; минимална казна затвор од 10 години за кражба на буџетски пари и враќање на смртната казна за тешки дела на кражба на народниот имот; ревизија и одземање на украденото во криминалната, нечесната и неправедната приватизација со која се изврши грабеж на општествениот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. Без оглед како ќе се произнесе Уставниот суд по нашата Иницијатива до судот за уставна оценка на Одлуката за распуштање на Собранието, ние во НДМ сме спремни за избори на 11 декември како што бевме спремни и на 5-ти јуни кога поднесовме кандидатски листи доколку тогаш се одржеа изборите – рече Бачев.

Тој најави дека многу брзо ќе достави на усвојување до ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и останатите партии национален документ со пет точки во кои никој нема да чепка без оглед која партија победува на избори, а со кои, како што рече, се обезбедува опстанокот и просперитетот на народот и државата.