Број на текстови објавени денес: 0

Балетската претстава „Клеопатра“ презакажана за 25 ноември

%d1%81%d0%bc1

Македонската опера и балет денеска информира дека поради технички причини балетската претстава „Клеопатра“ закажана за 19 ноември се презакажува за 25 ноември годинава во 20 часот.

„Сите купени билети за претставата на 19 ноември ќе важат за презакажаната претстава на 25 ноември, во 20 часот. Оние посетители кои не се во можност да дојдат, можат да ги заменат билетите за претставата која е закажана на 14 декември или ако сакаат ќе им бидат вратени парите за купените билети, се вели во соопштението од МОБ.