Број на текстови објавени денес: 46

Ахмети: Центри што не ни сакаат добро ја создадоа кризата во Македонија

ali-ahmeti1(5)

Изборите што ни претстојат се важни и не се сомневам во победа на ДУИ. Имавме тежок мандат и не сакам ваквите состојби да ни се повторат. Можевме и подобро ако немавме криза од центри што не ни сакаат добро, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот собир на Унијата на жени.

Обраќајќи се до новоформираните албански опозициски партии БЕСА, Унитети, ДР-ДПА, Ахмети порача:

– Не се занимавајте со нас, туку посветете време и eнергија на промоција на вашите платформи и програми!