Број на текстови објавени денес: 70

Ахмети од Ростуше побара обединување на Албанците, Бошњаците Турците

%d0%b0%d1%85%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%80%d0%be%d1%81%d1%82%d1%83%d1%88%d0%b5

Лидерот на Демократската унија за интеграција и носител на кандидатската листа во Шестата изборна единица Али Ахмети денеска ја посети општина Маврово – Ростуше.

Пред жителите од оваа општина, Ахмети рече дека ДУИ е единствениот гарант на албанското прашање и заштитник на малцинствата коишто се за соживот со Албанците.

– Јас сум тука за да ви кажам дека ние треба да се обединиме, Албанци, Бошњаци и Турци, со цел работите да одат напред – изјави Ахмети.

Тој рече дека ДУИ никогаш ги нема заборавено жителите од Ростуше и оти како партија ги штитат интересите не само на Албанците, туку и на сите други заедници во Македонија.

– ДУИ е реална сила во земјава. Без ДУИ, не може да функционира ниту државата, ниту институциите во оваа земја. ДУИ е политичка сила која не ги штити само интересите на Албанците, туку интересите на сите заедници во оваа земја, заедници што биле прогонувани и оспорувани. Затоа си давам себеси право и морално и национално, да ги барам гласовите на сите во оваа земја затоа што јас не сум мислел да ги штитам преку измена на Уставот само Албанците, туку сите малцински заедници што живеат тука – рече Ахмети.

Шефот на Централниот изборен штаб, Беким Незири најави дека ќе ја подобрат економската состојба на жителите од овие краеви.