Број на текстови објавени денес: 0

Ахмети: Некои медиуми служат за поттикнување насилство

ali-ahmeti12

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети остро ги осудува тенденциозните последователни клевети кои ги објавуваат одредени медиуми без никаква одговорност за вистината и без никаква почит за јавноста, се вели во партиското соопштение од ДУИ.

„Агендата на Ахмети за вчерашниот ден беше концентрирана во Тетово и во големиот собир на граѓаните на Чаир во Скопје, додека, не беше предвидена никаква посета во Општина Липково или село Опае. Слободата на изразување не значи слобода за клевета и измама кон јавноста, а уште помалку да се манипулира една семејна трагедија за одредени цели.

Некои медиуми се ставени целосно да служат за распределба на измами и поттикнување на изборно насилство повикувајќи се за организирање на насилни настани кон најголемата партија на албанците и лидерот на албанците, Али Ахмети.

Масовната поддршка на албанците за Али Ахмети и ДУИ од Струга до Куманово и Липково расте по секоја објавена клевета и по секој фрлен камен бидејќи граѓаните кај Али Ахмети можат да најдат мир, безбедност, стабилност и покрај вашите понуди за насилство, интриги и клевети.