Број на текстови објавени денес: 0

Ахмети: На 11 декември да одлучиме дали ќе одиме кон ЕУ или ќе се влечеме

ali-ahmet1

Демократска унија за интеграција (ДУИ) вчера на конвенција во Скопје ги презетираше листите на кандидатите за пратеници и носителите на листите.

Носител на листата во шестата изборна единица е лидерот на партијата Али Ахмети, во „кецот„ е Артан Груби, во 2 ИЕ е Ејуп Алими, во 3-тата Нафи Дурмиши, во четвртата изборна единица прв на листата е Артим Спахиу, во петтата Агим Шаќири, а во седмата Џевдет Спахиу.

На конвенцијата, како што соопштуваат од ДУИ, се промовираа целите кои ги има Демократската унија за интеграција, по победата на парламентарните избори закажани за 11 декември 2016 година.

Во своето обраќање лидерот на партијата, Али Ахмети им порача на присутните дека гласот на граѓаните за ДУИ останува правилна одлука, бидејќи овој политички субјект продолжува да чекори кон добро познатите чекори, интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури, содавањето на социо-економските услови за граѓаните и градењето на подобра иднина за идните генерации.

– Изборите на 11 декември се клучни бидејќи се решава за големи прашања. Се решава дали ќе продолжиме по патот кој го спомнав погоре или ќе се влечкаме. Ние сме со НАТО, со Брисел, со обединета Европа, со Вашингтон и со САД. Затоа, да си ја завршиме нашата работа и да излеземе уште посилни – рече Ахмети.

Ахмети, исто така, рече дека ДУИ продолжува да работи според принципот на градење и соработка, а не според принципот на уништување, како што целат другите политички субјекти на кои приоритет им е борбата против ДУИ.

– Нека знаат сите тие кои што имаат дилеми дека ние не се менуваме и силно можат да се конфронтираат со нас, биле тие домашни сили, регионални или пошироко. Нашата цел е неспорна единствениот пат е евроатлантскиот пат, патот кон ЕУ, кој не треба да биде спречен, бидејќи е патот кој ја обезбедува и ја зајакнува нашата слобода, нашата нова економија – додаде Ахмети.