Број на текстови објавени денес: 10

Ахмети на европратениците им потврдил дека го поддржува СЈО

%d0%b0-%d1%82

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во седиштето на Европската Унија во Скопје оствари работна средба со европратениците Иво Вајгел, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Ахмети и европратениците разговараа за развивањето на предизборната кампања, денот на изборите, владеењето на правото како и за периодот по изборите на 11 декември.

Лидерот на ДУИ говореше за подготвеноста на ДУИ да се придонесе кон одржување сеопфатни, веродостојни и прифатливи избори за сите.

Зборувајќи за постизборниот период,  Ахмети рече дека идниот владин мандат ќе биде многу важен за клучни теми, како што се спорот за името кој овозможува евроатланска интеграција, владеењето на правото и за потребните реформи од страна на меѓународната заедница заедно со еднаквоста и решавањето на албанскиот јазик.

Ахмети ја потврди поддршката за специјалниот обвинител и за завршување на нејзиниот мандат непристрасно и без политички или етнички предрасуди, соопшти ДУИ.