Број на текстови објавени денес: 70

Ахмети: Нашата цел е стабилна и сигурна Македонија

%d0%b0%d1%85%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%80

Демократската унија за интеграција вечерва пред дебарчани ја претстави изборната платформа за претстојните парламентарни избори што треба да се одржат на 11 декември.

Лидерот на партијата и носител на кандидатската листа за пратеници во Шестата изборна единица Али Ахмети рече дека ДУИ е најорганизираната и најсерозната партија којашто ќе ја добие максималната поддршка на албанскиот електорат, но и помалите етнички заедници за решавање на значајни прашања.

– Наша цел е стабилноста и сигурноста на земјата и релаксираните меѓуетнички односи, посебно меѓу Албанците и Македонците кои се најодговорни етнички заедници од што зависи наредокот на земјата. Главни приоритети се евроатланската интеграција и правосудните реформи кои ги бара Европа. ДУИ е најсериозна партија која ги решавала и ќе ги решава проблемите не само на Албанците, туку и на помалите етнички заедници- рече Ахмети.

Пред дебарчани се претстави и носителот на листата за пратеници во Петтата изборна единица Агим Шаќири. – Дадениот глас за ДУИ е глас за подобра иднина. ДУИ го смени ликот на Дебар, кој сега наликува на современа урбана средина, а видно ја подобри и патната инфраструктра која градот го поврзува со соседните градови, рече Шаќири.

Прд дебарчани зборуваа и претседателот на Изборниот штаб Беким Незири и градоначалникот Ружди Љата