Број на текстови објавени денес: 46

Ахмети му честита на Трамп, но ѝ се заблагодари на Клинтон

ali-ahmeti12

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му честита на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за победата на претседателските избори и му посака успешно претседавање и продлабочување на пријателството и стратешката соработка кон остварување на заедничките цели.

„Соединетите Американски Држави се глобален лидер на демократијата и на човековите права, како и промотер на вредностите на солидарноста, затоа го изразувам моето убедување дека избраниот претседател ќе го продолжи патот за промовирање на овие вредности во светот со векови на албанско-американското пријателство.

Земјите од Западен Балкан, како и Албанците во целина се стремат кон иста цел со САД, за демократизација и евроатлантска интеграција на нашите земји така, нашето партнерство кон остварувањето на заедничката цел ќе продолжи непречено’, напиша Ахмети во честитката до Трамп.

Тој и честита ѝ на Хилари Клинтон за достоинствената кампања и ја изрази длабоката благодарност на неговата заедница за големиот придонес на семејството Клинтон за мирот и стабилноста во нашиот регион.