Број на текстови објавени денес: 49

Ахмети: Мора трајно да ги решиме проблемите со соседите

unnamed259

ДУИ вчера имаше партиски митигн во Домот на културата во Тетово каде беа промовирани кандидатите на Изборната единица број 6.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред голем број на жители на градот рече дека ДУИ ќе продолжи да стои неразнишан во своите убедувања и заветувањата за доброто на граѓаните Албанци.

Исто така, Ахмети рече дека ова ќе биде мандат кој изискува капацитети во сите области, особено во градењето на политиките и надминувањето на проблемите кои немаат повеќе време за чекање.

– Оваа земја треба еднаш засекогаш да ги реши проблемите со соседите, затоа што непријателствата, нерешените проблеми, нам не ни оставаат можност и простор за развој и напредок, затоа што сме зад развиените земји, затоа, за да се материјализираат овие големи прашања, како што е прашањето за името, статусот на албанскиот јазик, без оглед на напредокот што се прави, за да се затворат наведениве поглавја, треба пред се да се има смелост, познавања, силна подготовка за дебата и судири, меѓутоа, не вооружени судири, туку интелектуални и научни и на крај, треба да се очекува триумфот. Овие големи прашања никако не можат да се решат од аџамии, туку ги решаваат мисионери, луѓе кои ги наоѓаш само во ДУИ, луѓе кои што знаат најдобро да ја бранат националната кауза – изјави претседателот на ДУИ.