Број на текстови објавени денес: 65

Ахмети: Има многу центри што работат на недовербата меѓу Албанците и Македонците

ali-ahmeti-gruevski

Не, не апсолутно не сме загрижени. Мислиме дека СДСМ нема да добие ништо со овие акробации или, пак, со овие пораки за граѓански партии, бидејќи е изненаден и самиот албански електорат од каде излегоа тие како спасители, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Ова е волја на мнозинството, на членството на Демократската унија за интеграција. ДУИ како партија функционира како демократско движење каде што се почитува волјата на мнозинството, каде што се почитува волјата за промени. Сигурно и во иднина ќе има нови лица и овој тренд ќе продолжи и во иднина. Значи сè се прави со разбирање, сè се одлучува со дијалог, компромис и сите заложби ги правиме за да се најде најдоброто решение. Но во Демократската унија за интеграции е тешко да се одлучува за одвојување луѓе, бидејќи се работи за лица што придонеле многу, имаат посебни способности за менаџирање на раководните места, но сепак на крај се работи за волјата на мнозинството – вели Ахмети.