Број на текстови објавени денес: 49

Ахмети: Западна Македонија на картата на американски и европски инвеститори

%d0%b0%d1%85%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b84

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и носител на листата за пратеници на партијата во шестата изборна единица Али Ахмети, заедно со шефот на Изборниот штаб Беким Незири, вечерва пред жителите на Челопек, општина Брвеница ја претстави изборната програма на партијата.

– Нашата главна цел беше како зоната на Западна Македонија да ја тргнеме од жолтите зони, боја која што за инвеститорите претставувала ризик. Значи првично се работело 5-6 години со ред за да се убеди европската и американската јавност дека овие зони не се повеќе опасни зони за инвестирање и дека времето на војната сега веќе е завршено – изјави Ахмети.