Број на текстови објавени денес: 0

Ахмети: ДУИ е непоразена сила, сила што победува

%d0%b0%d1%851

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на синоќешниот митинг пред жителите на Мала Речица се заложи дека партијата што тој ја води, ќе продолжи со мировната „битка“ со сите кругови што не им посакуваат добро на Албанците.

– ДУИ е непоразена сила, сила што победува меѓутоа, ние не сакаме победа како победа, ние сакаме значаен мандат со кој ќе можат да се надминат прашањата кои навистина бараат имунитет. Проблемот за прашањето на името бара разбирање внатре во државите, како што е спорот со грчката страна или пак бугарската. Ние сме се обиделе како ДУИ да не бидеме само набљудувачи, туку сме се вклучиле на активен начин за решавање на овие проблеми. Лесно е да бегаш од фронтот и нема ништо полесно од вртењето на грбот на бурата. Ние останавме актери во овие настани, во овие големи развои затоа и излеговме успешни од овие преговори – изјави претседателот на ДУИ и носител на изборната листа во Изборната единица 6.

ДУИ денеска кампањата ќе ја продолжи во Дебар и околината.