Број на текстови објавени денес: 70

Ахмети: Груевски бара 63 пратеници, за да не сме го уценувале

%d0%b0%d1%85%d0%bc%d0%b5

Првите средби со граѓаните на населбата Хасанбег, лидерот на ДУИ, г. Али Ахмети ги почна со посета на семејствата на паднатите борци, Ќемал Шаќири, паднат во Малино и Али Махмути, паднат борец во текот на битката во Матејче, Карадак, информира ДУИ..

Ахмети порача, Албанците треба да бидат обединети, а не раскарани,затоа што сам така ќе можат да се достигнат националните цели.

– Бидејќи албанската опозиција не се обедини, ДУИ не знае со кого да се натпреварува! ДУИ, целата нејзина структура, не е заинтересирана Албанците да се распарчат. Партијата е национално вредност а вредностите не се градат секој ден. Меѓутоа, тоа е демократијата, нека биде политичка партија, потоа тие можат да кажат дека се подобри од нас, меѓутоа на крајот, албанскиот народ ќе одлучи!
Тој смета дека во Македонија се уште не е создаден амбиент за основање или за промоција на концептот „граѓанска партија“, затоа што, рече,ние како Албанци не сме на рамноправно ниво со Македонците.

– Некој може и да го злоупотреби овој мој говор, може да рече, што сме направиле ние како ДУИ? Ние треба да работиме повеќе бидејќи, ва овие 15 години, е доста направено, поаѓајќи од правичната застапеност на Албанците во сите пори на општествениот живот, меѓутоа и инвестициите во речиси сите слободни економски зони во регионите населени во најголем дел со Албанци. Каде беа овие македонски политичари кога се нанесуваа овие неправди на Албанците? Сега, за да ги наполнат сопствените вреќи, велат, ајде да одиме кај Албанците и да бараме гласови! Ме прашуваат мене, дали ние како ДУИ се плашиме од овој феномен? Јас велам дека Албанците не се оние од пред 200 години, затоа што ние сега имаме два државни универзитети на албански јазик. Интересите на Албанците ги штитат Албанците. Внимавајте, го слушате сега Груевски, како бара од Македонците да му дадат 63 пратеници, со цел ДУИ да не го условува него! Оваа работа не е во ред, затоа што ние не бараме ништо повеќе од тоа што ни припаѓа! Во меѓувреме, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред еден ден рекол дека нема можност да го менува Уставот, значи тој, преку ноќ го смени сопствениот став – рече Ахмети.