Број на текстови објавени денес: 86

Атрактивниот симфониски концерт за деца „Суперхерои“ повторно на програмата

makedonska-filharmonija1

Поради големо инетресирање од страна на публиката, Македонската филхармонија ќе го репризира атрактивниот симфониски концерт за деца „Суперхерои“, кој ќе се одржи в сабота во Домот на АРМ во 12 часот.

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе популарните музички теми од култните филмови: „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Е.Т.“, „Индијана Џонс“, „Џемс Бонд“…

И овој пат аниматор ќе биде омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.