Број на текстови објавени денес: 70

Асанж има нова секси готвачка: Памела Андерсон сè почесто го посетува ФОТО

assange2

Обвинителите во понеделникот почнаа да го испрашуваат основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во еквадорската амбасада во Лондон во склоп на долготрајната правна битка околу обвинението дека извршил силување.

Шведската обвинителка Ингрид Исгрен, која била присутна додека Асанж бил испрашуван од еквадорскиот обвинител, влегла во амбасадата нешто пред 10 часот по локално време.

Адвокатот на Асанж, Пет Самуелсон рекол дека испитувањето, кое досега неколку пати беше одложувано поради дипломатски спор меѓу Еквадор и Шведска, би можело да потрае неколку дена. На испитувањето ќе присуствува шведски полициски инспектор, а истражителите планираат да земат и ДНК примерок на Асанж.

Во неделата кај еквадорската амбасада повторно е видена холивудската актерка Памела Андерсон како на Асанж му носи вегански појадок. Холивудската секс-бомба Памела истото го направи и во октомври оваа година.

Асанж живее во еквадорската амбасада повеќе од четири години. Тој тука се наоѓа од јуни 2016 година откако шведските обвинители издадоа европски налог за апсење поради обвинување за силување и сексуален напад на две жени кои ги запознал во 2010 година во текот на престојот во Шведска.