Број на текстови објавени денес: 70

Асад: Трамп ќе ни биде сојузник, ако се бори против тероризмот

download-2399

Сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за португалската телевизија РТП изјави дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би бил „природен сојузник“ на Сирија, доколку се бори против тероризмот.

– Не можеме да знаеме што тој ќе стори, но ако се бори против тероризмот, јасно е дека ќе бидеме сојузници. Природни сојузници, како што сме со Русите, Иранците и другите земји кои посакуваат пораз на тероризмот – рече Асад.

Трамп пак, во интервјуто објавено во „Волстрит Џурнал“, истакна дека е потребна порешителна борба против групата Исламска држава (ИД).

– ИД е далеку поголема закана за нас отколку Асад – изјави Трамп во интервјуто.