Број на текстови објавени денес: 17

Архитектите одбегнуваат да работат на „барок“ фасадите во Скопје

%d1%82%d1%80%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bb

Архитектите веќе одбегнуваат да работат на идејните решенија за рефасадирање на објекти во Скопје. Ова е и причина поради која Градот Скопје поништи два конкураса за идејно решение на три објекти во централното градско подрачје.

Станува збор за објектот „Трготекстил“ кај Рамстор и двете згради помеѓу Сити галери и Градскиот трговски центар.

Конкурсот за нова фазада на овие објекти беше објавен на почетокот на годината, а потоа роковите се менуваа уште два пати.

Во меѓувреме, речиси една година се чека на финалните резултати од неколку распишани Конкурси од страна на градските власти. На листата за менување на надворешниот изглед се вклучени објектите на Стопанска банка во склоп на Градскиот трговски центар, музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“ и на Факултетот за музичка уметност, палатата АСНОМ (вклучувајќи ги двете некогашни згради на Комерцијална банка), хотелот „Стоун Бриџ“ и останатите објекти што се наоѓаат помеѓу плоштадите „Мајка Тереза“ и „Филип Втори“ како и зградата „Технометал“ и уште две други градби на плоштадот „ВМРО“ .