Број на текстови објавени денес: 0

Артан Груби ја почна кампањата со „УЧК“ ВИДЕО

artan-grubi2

На промоција на кандидатите за пратеници на ДУИ која се одржа вчера на партиска Конвенција во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, на почетокот на својот говор, Артан Груби, носител на листа во првата изборна единица, извикуваше на цел глас „УЧК, УЧК“.

Либертас јавува дека во ова му се приклучиле само мал дел од присутните во салата, па тој морал уште еднаш да го повтори извикот, по што му се приклучи поголема група.

Во своето обраќање, Груби рекол дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е тоа што порано бил Хасан Приштина, а дека 11 декември е референдум за Албанците.