Број на текстови објавени денес: 0

Армани хотел Дубаи е најлуксузниот хотел во свет ФОТО

hoteltri
Од World Luxury Hotel Awards одлучија дека за 2016 година најлуксузен хотел во свет е Армани хотел Дубаи.
Елитниот хотел е сместен во највисоката кула во свет, Бурџ Калифа. Хотелот е остварување на долгогодишен сон на дизајнерот за претворање на неговиот беспрекорен стил во стил на живот.
Гостите во хотелот ги импресионира елеганцијата и софистицираната удобност што го дефинира самиот Џорџо Армани. Во хотелот има 160 луксузно опремени соби и седум ресторани.

Кога ќе се вкрстат гостопримливоста на Дубаи и италијански луксуз, нема простор за сомнеж, бележи Д`Мерџ. Во собите во хотелот со пет ѕвезди има 40-инчни телевизори со рамни екрани, ДВД-плеери, приватни барови и машини за кафе.