Број на текстови објавени денес: 70

Арбитражата слаба страна на бизнисот

%d0%b0%d1%80%d0%b1%d0%b8%d1%80%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b6%d0%b0

Бизнисмените се жалат на долгите судски постапки, ама скоро и да не ја користат арбитража за решавање на нивните спорови.

Арбитражниот суд на Стопанската комора , лани решил само десетина спорови иако има капацитет годишно да реши 100 спорови.

-Наместо да се влечкаат по десетина години, стопанските спорови преку арбитража може да се решат за максимум шест до девет месеци, исклучително професионално, со правосилни, веднаш извршни одлуки. Притоа, постапките не се повторуваат, а судовите мора да ги почитуваат донесените решенија. Затоа, компаниите нека се охрабрат и наместо да се повикуваат на познанства, нека дојдат, навистина да им бидат решени споровите – изјави претседателот на Арбитражниот суд при Стопанската комора, Горан Рафајловски.

Според него, арбитражата е сериозно средство секаде во светот и не е само алтернативно судење, туку во него стопанството има оргомна доверба.

– Ја подигнуваме културата на решавање на стопанските спорови и веруваме дека тоа ќе го сториме во овој мандат. Во претходниот нешто направивме, а во овој очекувам многу повеќе-  рече Рафајловски.

Тој смета дека судството нема толкав капацитет на судии за да ги решава арбитражните спорови.

Арбитражниот суд при Стопанската комора интензивно се опремува. Веќе има една судница која се подготвува по сите светски стандарди.