Број на текстови објавени денес: 0

Ангелите на Викторија го „запалија“ Париз ФОТО

capture3

Адриана Лима, Џиџи Хадид, Бела Хадид, Кендал Џенер, Алесандра Амбросио и уште низа секси девојки чекореа на годинашниот спектакл на „Викторијас Сикрет“ што се одржа во Париз.

На најубавото шоу во светот 2016 се појави и Ирина Шајк во долна облека, а присутните ги забавуваа Леди Гага, Бруно Марс и „Д Викнд“.

Најголема атракција беше градникот опшиен со дијаманти, кој чини 2,4 милиони долари, што го дизајнираше Еди Борго, а го носеше Јасмин Тукс.

Девојките на модната писта ги покажаа најновите модели на долна облека од „Викторијас Сикрет“, секако со традиционалните додатоци како што се пердуви и светки.

Амбросио заведуваше со секси облека, но и со поглед, Бела успешно дебитира на шоуто, Лима не ја штедеше насмевката што освојува, Кендал прикажа секси црно-бела комбинација, а Џиџи носеше црни крилја.