Број на текстови објавени денес: 11

„Ангелите“ на „Викторијас сикрет“ на 5 декември во Париз

image1160

Шоуто на „Викторијас Сикрет“ годинава ќе се одржи на 5-ти декември, за првпат во Париз.

Најсекси шоуто на планетава слави 20-годишен јубилеј. Изминатите две децении „ангелите“ чекореа по модни писти во Њујорк, Лондон, Мајами, Лос Анџелес и Кан.

Бела Хадид, сестрата на Џиџи Хадид, прв пат ќе зачекори во шоуто, а наводно и сестра и годинава пак ќе носи крилја на „Викторијас сикрет“, откако лани дебитираше на модниот спектакл.

Специјалниот градник „Фантази бра“ на 5-ти декември ќе го носи „ангелот“ Џасмин. На градникот има 9.000 скапоцени камења и 27.000 кристали од Сваровски, чини 3 милиони долари и биле потребни 700 часа за рачна изработка.