Број на текстови објавени денес: 70

АМСМ: Ќе се реконструира обиколницата, утре времен сообраќај

%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b010

Авто мото сојузот (АМСМ)  информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Во клисурите и усеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-М.Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

АМСМ информира дека од 17.30 часот сообраќајот е во прекин на регионалниот пат Струмица – Берово пред с.Петралинци, поради случена сообраќајна незгода.

Од утре пак ,според информацијата на АСМ ќе има  времена измена на сообраќај на магистрален патен правец А-2, бидејќи ќе се  изведуваат градежни работи на  Обиколница на Скопје од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.