Број на текстови објавени денес: 0

АМСМ: На патот Маврово-Дебар кај Мелнички мост се вози по една лента

%d0%bc%d0%b0%d0%b2%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%801

На магистралниот пат Маврово – Дебар, на Мелнички мост, поради изведување работи на пат сообраќајот од денеска се одвива по една коловозна лента (наизменично), соопшти АМСМ.

На регионалниот патен правец Војшанци – Бистренци – Корешница, делницата помеѓу Бистренци – Корешница, од денеска  до сабота е затворена за сообраќај за сите видови на возила поради изведување на градежно – асфалтерски работи.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.