Број на текстови објавени денес: 0

Американците ја прогласија Хрватска за светска туристичка дестинација за годинава

split2

Американското списание за туризам „Travel and Leisure“ (T+L) ја прогласи Хрватска за светска дестинација на годината, откако земјата доби најголем број гласови од читателите, кои гласаа онлајн.

Хрватска освоила 28 проценти од гласовите, а на второ место со 24 отсто од гласовите е Португалија. Но, Португалија е прва според изборот на редакцијата на „T+L“.

За светска дестинација годинава беа номинирани Портланд, Хаваи, Париз, Нов Зеланд, Исланд и Рио де Женеиро.

Минатата година читателите ја избраа Куба за светска дестинација.

„T+L“ ја опишува Хрвтска како „скапоцен камен во круната на Јадранско Море“, а ја потенцира и убавината на Сплит и Дубрoвник. Голема улога во изборот на Хрватска имаше и снимањето на сцени од серијата „Игра на троновите“ во Дуброовник. Списанието ја спомнува и богатата историја на главниот град на Хрватска, Загреб, потоа островите и националните паркови, раазновидната храна и добрите вина.

„T+L“ излегува месечно и има околу пет милиони читатели.