Број на текстови објавени денес: 0

Американски музички награди: Зејн Малик откритие на годината, Ријана со три награди ФОТО

3a98ba6800000578-0-image-m-17_1479698232358

Поранешниот член на „Уан дирекшн“ е прогласен за уметник на годината на годинашните Американски музички награди (АМА), додека наградата за животно дело му е врачена на Стинг.

Земајќи ја наградата, за која што одлучува американската публика, Малик изјави дека 2016 била луда година и дека не очекувал некој да гласа за него, но е благодарен и наградата ќе ја чува на каминот.

Актерот Роберт Дауни Јуниор му врачи награда на Стинг. Музичарот рече дека иако е Англичанец во Њујорк, неговата музичка душа била чисто американска.

Селена Гомез одржа емоционален говор по повод земање на наградата за омилен рок/поп женски изведувач.

Аријана Гранде ги победи Ријана, Џастин Бибер, Селена Гомез и Кери Андервуд во категоријата изведувач на годината. Ријана освои три награди, а „Purple Rain“ на Принц беше прогласен за саундтрак на годината.

Домаќини на церемонијата беа Џиџи Хадид и Џеј Фароу. За стајлинзите на Хадид во медиумите се пишуваше дека сами по себе заслужувале награда на церемонијата.