Број на текстови објавени денес: 65

Американскиот „Њузвик“ испечати погрешна насловна: Клинтон, госпоѓа претседателка ФОТО

njuzvik1

Американскиот магазин „Њузвик“ по грешка го дистрибуираше магазинот со насловната страна посветена на победата на Хилари Клинтон на претседателските избори во САД. Имено, како што праксата во слични ситуации наложува, „Њузвик“ подготвил две варијанти на изданието. Едното издание било посветено на победата на Доналд Трамп, додека другото било посветено на Хилари Клинтон и на нејзината победа на претседателските избори.

Како што наведува „Њујорк пост“, двете варијатни биле предадени на дистрибутерот на магазинот на компанијата „Топикс медиа“. Дистрибутерот, со уверување дека Хилари Клинтон би можела да биде новата претседателка, во продажба го испратило изданието посветено на нејзината победа.

На насловната страница пишувало: „Госпоѓа претседателка – историско патување на Хилари Клинтон во Белата куќа“.

Според пишувањето на „Њујорк пост“, околу 125.000 примероци на тој магазин морале да бидат повлечени.

Иако дистрибутерите рекле магазинот да не се става во продажба пред прогласувањето на победникот, неколку примероци на магазинот посветени на победата на Хилари Клинтон биле продадени.

Извршниот директор на „Топикс медиа“ Тони Романдо ѝ се извинил на јавноста и рекол дека како и на сите останати и ним им се случуваат грешки.

Ова не е прва таква грешка на некој магазин во Америка, бидејќи „Чикаго дејли трибјун“ во 1948 година објавил примерок со насловната „Дјуиј го победи Труман“, иако победник на тие претседателски избори бил Хари Труман.