Број на текстови објавени денес: 0

Алтхаузер: Важен е 11 декември, но и чекорите по изборите

%d0%b0%d0%bb%d1%82

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер, оцени дека претстојните избори во Македонија се особено важен настан, посебно за надминување на двегодишната политичка криза.

– За три недели ќе се случат изборите во Македонија, тоа е многу битен настан. Многу е важно овој процес да протече фер, да биде регуларен и добро да заврши. На 11 декември ќе бидат изборите, а битно е и чекорите што потоа ќе се преземат, тоа се реформите, меѓутоа голем број од реформите се однесуваат на темата на оваа конференција – правосудството – рече Алтхаузер, за време на научно-стручна расправа „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“.

Алтхаузер, одговарајќи на новинарско прашање за работата на Специјалното јавно обвинителство, рече дека работата на СЈО е особено важна.

– Четирите партии со Договорот од Пржино се договорија да постои оваа институција и Комисијата на ЕУ донесе одлука за поддршка на СЈО – рече Алтхаузер.