Број на текстови објавени денес: 62

Алијанса за Албанците: Да се спречи злоупотребата на јавните пари од партиите на власт

%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bb%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b8

Злоупотребата на јавните финансии и материални добри за време на изборната кампања е разурнувачки феномен на вистинскиот легитимитет на политиката во Македонија,тврди коалиција Алијанса за Албанците

Оваа Коалиција, како што вели во соопштението, сака да придонесе да се спречи оваа појава потсетувајчи дека ваквите случаи се пријавуваат до надлежните органи кои што треба да преземат адекватни мерки за казнување на политичките партии кои ја злоупотребуваат власта и ресурсите на власта.

„Злоупотребата на Јавното собраќајно претпријатие за партиски интереси, и злоупотребата на нафтените деривати за истата цел, влијае во крајниот исход на изборите“ напоменува Алијансата за Албанците.

Исто така додаваат од оваа Коализија, непланираните инвестиции спроведени во време на изборната кампања, го истроштуваат државниот буџет, вклучувајќи ги и општинските буџети преку создавање долгови три пати повисоки од реалната вредност на непланираните инвестиции.

„Злоупотребата на администрацијата и пред изборните вработувањата, исто така влијаат врз изборните резултат“ велат од Алијансата за Албанците.

Според оваа Алијанса, најголем придонес во развивањето на овој феномен имаат општините кои што се предводени од партиите на власт, ВМРО и ДУИ, а посебно општина Тетово и општина Чаир.

„Со оглед на тоа дека законите кои што се во сила, би требало горенаведените институции злоупотребувачи на јавните добра, би требало да бидат под истрага. Ова е нивна законска обврска. Им препорачуваме на Јавното обвинителство, но и на Специјалното јавно обвинителство, веднаш да го спореведат Кривичниот законик во врска со изборите и изборните кампањи. Додека, Комисијата за спречување на корупцијата, ја предупредуваме дека ваквите феномени се под нивна директна надлежност, посебно второт поглавје на Законот, и членовите 10,11,12 и 13 од Законот за спречување на корупцијата“ стои во соопштението на коалицијата Алијанса за Албанците .