Број на текстови објавени денес: 46

Алиша Кис и Вини Харлоу меѓу највлијателните жени во свет ФОТО

alissa

Вкупно 100 жени од цел свет се на листата најинспиративни. Тоа се жени кои се борат, пишуваат, развиваат е-гејмање, го проучуваат црниот феминизам, а ги има од многу познати до жени за кои некој никогаш и не слушнал.

Меѓу нив е 35-годишната пејачка Алиша Кис која има освоено 15 Греми награди и продадено повеќе до 30 милиони плочи во светот.

„Сé што сакаш да бидеш ти веќе си, едноставно ти си на патот да го откриеш тоа“, е изјавата на Кис што ја истакнува БиБиСи.

И 22-годишниот модел Вини Харлоу од Канада се најде во изборот. Таа се смета за еден од најпрепознатливите модели во свет и прва којашто успеала во модната индустрија со витилиго.

На листата е и Сани Лион, поранешна порно актерка, која се има појавено и во неколку боливудски филма.

„Твое право е како жена да ги следиш своите соништа и твоја одговорност е да се потрудиш тие да се остварат“, изјави Лион.

Меѓу избраните се и истражувачки од НАСА, новинарки, плус-сајз моделот Искра Лоренс, индонезискат Инстаграм ѕвезда Дви Ханда, комичарка од Саудиска Арабија Ами Роко, тореадорка од Шпанија Кончи Рајс Риос.