Број на текстови објавени денес: 0

„Алиталија“ нема да лета за Скопје

%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0

Авионите на италијанската авиокомпанија „Алиталија“ нема да летаат на релација Скопје-Рим-Скопје од 30 ноември. Причина за затворањето на оваа линија од компанијата наведуваат дека е нејзината неисплатливост. Линијата Рим-Скопје-Рим е отворена пред две ипол години

„Алиталија“ лета седум пати неделно на релацијата, а од 15 ноември ќе лета трипати неделно. Компанијата ќе лета од Скопје преку својот партнер, „Ер Србија“.

Претходно линиите од скопскиот аеродром ги укинаа и швајцарската авио компанија „Ер лајнс“ и чешката „Чех ерлајнс“