Број на текстови објавени денес: 18

Александар Делов од Коалицијата за промени и правда-,овие избори се реферндум за Македонија и македоснкото прашање

baner-delov

Носителот на листата за 5-та изборна единица Г-дин Александар Делов  од Коалицијата за промени и правда , денес оствари непосредни средби со граѓаните на општина Струга , Охрид и Ресен. Александар Делов кој беше еден од основоположниците на ВМРО ДПМНЕ , човек со богата професионална кариера зад себе, човек кој го наследи неговиот татко кој го створи Хидросистемот Стрежево во Битола, Александар Делов го надгради ,ВМРО ДПМНЕ го покради, чесен во својата душа ,се отвори пред граѓаните на Струга,Охрид и Ресен.Александар Делов има зад себе богата историја , има што да сподели со своите сограѓани,или како што тој милува секогаш да се произнесе,дека со сериозни луѓе се прави држава , додека со лудаци ,може да се направи само лудница ,а не држава. Делов пред граѓаните ќе изнесе:

-„Ова што се случува во Македонија во последните 10 години ,време ,на невреме, време кога ги срушија сите основни фундаменти на една држава , време кога неморалното го прикажуваат како морално , време кога некој се дрзнува дури да навлезе во приватноста на граѓаните на Македонија ,создадоа своја држава на изгубени вредности,на нив мора да им покажеме дека не им е место на политичката сцена .За таквите кој ја урнисааа Македонија до темел , нешто за што се бореле Илинденците, борците од НОБ, мојата генерација и други во 1991 година имавме таа чест да си ја направиме сопствената држава која беше 10 вековен сон. Денес една група на аздисани деца ,кој себеси се нарекуваат политичари ,ја урнисаа државата.таквото зло мора да престане.народот мора да покаже мудрост на овие избори,да излезе гордо, достоинствено,без страв, без уцени,немаме друга можност ,овие избори се реферндум за Македонија и македоснкото прашање“,ќе истакне Александар Делов.

Охридскај-Охрид 26.11.2016