Број на текстови објавени денес: 0

Ако жените се одбаранат од вирусот до 2030 епидемијата на ХИВ може да се запре

%d1%85%d0%b8%d0%b2

Епидемијата на ХИВ до 2030 година може да биде запрена, а тоа пред се ќе зависи од тоа дали младите жени ќе успеат да се одбранат од вирусот, објави денеска УНАИД по повод Светскиот ден на борба против сидата.

Минатата недела ОН објавија успех во борбата против таа болест на имунолошкиот систем.

Според УНАИДС, речиси секој втор од вкупно 36,7 заразени се на лекување. Тоа е за околу три милиони луѓе повеќе отколку пред две години. Само во првата година од оваа година лекување почнале милион луѓе.

Според шефот на УНАИДС, Мишел Сидибе, можноста за спречување и лекување ХИВ никогаш не била толку добра како денес.

Во Африка јужно од Сахара, во 2015 година имало повеќе од 25 милиони заразени со вирусот од кои истата година починале околу половина милион.

На светско ниво, помалку од 30 отсто инфицирани жени вирусот го пренесуваат на своите деца. Предуслов е да користат антиретровирусни лекови.

Најзирична група се млади жени на возраст меѓу 15 и 24 години. Лани во светот со тој вирус биле заразени оклу 7.500 жени неделно. Најчесто заразени во јужна Африка биле девојки на возраст меѓу 15 и 19 години, околу 90 отсто.

Минатата година 17 отсто возрасни заразени со ХИВ имале преку 50 години. Во индустриските држави, 31 отсто. За тоа придонеле новите подобрени форми на терапија. УНАИДС проценуваат дека старосната група 50+ во иднина ќе се зголеми за 47 отсто и дека до 2020 година околу 30 милиони инфицирани ќе добиваат соодветна терапија.