Број на текстови објавени денес: 0

Аеродром од „Македонски шуми“ доби 22.770, Центар само 120 садници

%d1%81%d0%b0%d0%b4%d0%bd%d0%b8

Власта и по цели три и пол години не може да го прифати фактот дека во општина Центар граѓаните им кажаа НЕ на нивните политики.
Општината и градоначалникот се секојдневна мета на инспекции и ревизии, што не е случај во другите општини. Единствено општина Центар не го доби од државата правото на користење на неизграденото земјиште, реагира Општина Центар.

Од општината велат дека Центар има „посебен“ третман од државата, а тоа го покажува и денешниот случај за „Денот на дрвото“.

„Државата преку „Македонски шуми“ има различен аршин према единиците на локална самоуправа, па своеволно одлучува која општина колку садници ќе добие за зазеленување на просторот.
општина Аеродром добива 22.770,
општина Ѓорче Петров добива 85.293,
општина Гази Баба добива 67.905, а
општина Кисела Вода добива 30.000 садници.
Верувале или не, оваа година Општина Центар добива само 120 садници.
За Ѓорче Петров 85.293, а за општина Центар, во која власта и градот Скопје направија најбрутална сеча на дрвјата, „цели“ 120 садници. Значи 710 пати повеќе садници се пратени за садење во Ѓорче Петров, отколку во Центар“, велат од општината.