Број на текстови објавени денес: 70

Ад хок математика – 12 предмети, 3 одлуки, една правосилна пресуда

15057774_10154198304632499_87321799_n

Судот за прекршоци информира дека во изминатиот период, на иницијатива на Привремената комисија за мониториг на медиумите оформени се 12 предмети и тоа против правни и физички лица од телевизиите Сител, Канал 5, ТВ Алфа, МРТВ, Нова ТВ и кабелскиот оператор Роби – ДООЕЛ. Досега се донесени три одлуки за правни и за физички лица и тоа правосилна судска пресуда, потврдена од Апелациониот суд против Нова ТВ, една неправосилна пресуда против Нова ТВ која е во жалбена постапка и уште една
неправосилна против кабелскиот оператор Роби – ДООЕЛ.

„Предметите против телевизијата Сител се уште се во работа. Пресудата која веќе е правосилна поради транспарентост ќе биде објавена на сајтот на судот“, велат од Судот.