Број на текстови објавени денес: 18

Адеми најави основање Институтот за надзор на службената употреба на албанскиот јазик

dza1

Кандидат од Изборната единица 6 на Демократската унија за интеграција, Џеват Адеми денеска најави основање Институтот за надзор на службената употреба на албанскиот јазик.

Институтот, како што изјави Адеми, ќе функционира во форма на инспекторат кој ќе води сметка за заштита на спроведувањето на јазикот како и неговата соодветната употреба, со што ќе се обезбеди албанскиот јазичен интелект.

Според Адеми, основањето на Институтот ќе придонесе кон јазичната рамноправност што е и вториот столб на ДУИ за овие избори, како и ќе влијае директно на интелектуалниот развој на населението.

– ДУИ ќе се заложи за донесување закон за градење на заштитен механизам или Институт кој ќе го следи, ќе врши надзор и ќе го санкционира секое застранување од нормите на литературниот албански јазик, кој што сега веќе е официјализиран во Македонија, додаде тој.