Број на текстови објавени денес: 86

Адел сака скромна свадба на која ќе се јадат колбаси

3a5e4a9a00000578-3952056-image-a-24_1479548152011

Британската пејачка Адел (28) на сметката има милиони фунти, но сака нејзината венчавка со партнерот, граѓанскиот активист Сајмон Конецки (30) да биде скромна.

– Не ѝ е тешко да плати, Адел не е скржава, но мрази гламур. Сака едноставна англиска венчавка со колбаси, компири и журка во некој паб, каде што сите убаво ќе се забавуваат – рекол пријател на пејачката, која сè подредила на семејниот живот.

Нема да оди на турнеи, додека нивниот тригодишен син Анџело не тргне во училиште. Со Сајмон е во врска пет години.

Инаку, Адел неодамна рекла дека по раѓањето на синот страдала од постпородилна депресија. Била опседната со своето дете и мислела дека не е добра мајка.